Масимилијано Алегри изрази огорченост поради тоа што на Јувентус повторно му беа одземени бодови и тоа на крајот на сезоната во Серија А. Јувентус од синоќа и официјално е без 10 бода и без место во ЛШ.
„Не можеме да бараме изговори, ние сме Јувентус, навикнати сме да победуваме или барем да се бориме за победа. Нормално, чудно е што пресудата е донесена на 10 минути пред почетокот на натпреварот. Но, ова не го оправдува нашиот психолошки колапс. Сега можеме само да молчиме и да го прифатиме поразот. Би било кукавички од моја страна да го напуштам Јувентус во овој момент. Разочаран сум, но не можам за ништо да го обвинам тимот, бидејќи околностите постојано се менуваат“, вели Алегри.