Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, по поразот од Рома во дербито на колото во Серија А зборуваше за идните планови.
„Како и секоја година, мораме да седнеме и да најдеме начин како да го подобриме тимот. Ова беше силна сезона, го освоивме првенството, но не успеавмево Лигата на шампионите. Стигнавме до четвртфиналето без пет клучни играчи и го плативме данокот. Поентата не е дека оние кои ги замениле не успеале, но моравме редовно да ги користиме истите играчи, и тие на крајот се заморија. Имав јасна идеја во мојата глава за тоа што треба да направиме од октомври. Ние не играме само со 12 играчи, па мора да имаме различни опции. Јас сум во организација која ми даде одлична можност да го тренирам Јувентус, но новата сезона почнува и мора да бидеме разумни. Треба да се фокусираме само на јасна анализа за тоа како да се почне. Очигледно, следната сезона ќе биде многу потешка и во Серија А и во Европа“, изјавил Алегри.