Тренерот на фудбалерите на Јувенутс, Масимилијано Алегри, не крие дека е презадоволен по вчерашната минимална победа против Рома во дербито на Серија „А“.
„Направивме чекор нагоре иако ги немавме Дибала, Де Лихт и Рабио а Мората влезе пред крајот. Сепак, кога беше потребно забрзувавме со играта “ – вели тренерот на „старата дама“.
„Знаевме дека ќе биде тешко. Рома можеби заслужи реми, но, мали детали го решваат победникот“ – изјави тренерот на Јувентус.