Дефанзивецот на Барселона, Алеиш Видал, најверојатно летово ќе се пресели во Италија. И покрај некои шпекулации кои велеа дека за него е сериозно заинтересиран московски Локомотив, сепак Рома е тимот кој во моментов има предност во преговорите.
Италијанските медиуми тврдат дека менаџерот на Рома е на пат да го продаде Флоренци, а на негово место да го донесе Видал. Флоренци се уште го нема продолжено договорот со Рома и е на пат да си замине.
Видал е надвор од комбинациите на Ернесто Валверде и поради тоа има дозвола да си бара нов клуб.