Напаѓачот на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, потпиша нов долгорочен договор со клубот, соопштија денес од „црвените“.
Рокот на договорот не е прецизиран, но според англиските медиуми е до летото 2023 година. Окслејд-Чембрлен ја надмина сериозната повреда поради која отсуствуваше скоро една година за да се вратат и да одигра 2 натпревари за тимот на крајот на минатата сезона.
„Јас сум навистина возбуден. Разговаравме веќе некое време и убаво е што конечно сè е успешно завршено и ќе продолжам да бидам дел од Ливерпул долго време, што јас силно го посакував“, рече Чемберлен.
„Се надевам дека можам повторно да направам посебни работи како што направив претходно и ќе му помогнам на тимот да освои повеќе титули. Со нетрпение ги очекувам идните предизвици“, додаде Чемберлен.
Ливерпул го донесе овој фудбалер од Арсенал во 2017 година за 35 милиони фунти и имаше солидна прва сезона, пред да заработи сериозна повреда на мечот со Рома, досега има 47 настапи и 5 гола за тимот од „Енфилд“.