Манчестер Јунајтед е многу блиску до склучување договор со ѕвездата на Јувентус, Алекс Сандро, објавија денеска авторитетните англиски изданија.
„Црвените Ѓаволи“ сакаат да го добијат бразилскиот интернационалец на „Олд Трафорд“ следната сезона, а првата рунда преговори со агентот на фудбалерот минала одлично.
Жозе Мурињо е подготвен да ја плати бараната сума за левиот бек на Јувентус, која според некои проценки се движи околу 57 милиони евра. 27-годишниот Алекс Сандро треба да биде замената за искусниот Ешли Јанг, кој оваа сезона мораше принудно да игра на позиција лев бек, иако негова вистинска позиција е крило.
Дел од изворите и во Јувеентус потврдуваат дека договорот ќе биде финализиран за неколку недели.