Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро, негираше дека добил нов договор од клубот. Сепак, тој беше категоричен дека не размислуваше за заминување и се надева дека прашањето ќе биде решено наскоро.
„Не сум размислувал да го напуштам Јувентус. Се надевам дека новиот договор ќе се заврши наскоро. Мојот тековен договор истекува за две години. За сега, има време, но сe уште не сум добил понуда“, потврдил Сандро.
Во медиумите одамна се шпекулира дека Бразилецот ќе замине од Италија и ќе се пресели во некои од заинтересираните клубови од Премиер лигата.