Крајниот дефанзивец на Јувентус, Алекс Сандро, вели дека потпишал нов договор со тимот откако разговарал со претседателот на италијанскиот шампион Андреа Ањели.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор, ќе останам во Торино многу години, се определив да останам во овој тим, затоа што сакам да бидам дел од историјата на оваа екипа, но исто така, бидејќи разговарав со претседателот, и знам каде сака да биде оваа една нова убава приказна”, рече Алекс Сандро.
Како што е познато, Бразилецот потпиша нов договор со Јувентус до летото 2023 година.