Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Александар Чеферин: „Воодушевен сум од големите чекори што ФФМ ги направи под раководство на Сејдини“
    Фудбал

    Александар Чеферин: „Воодушевен сум од големите чекори што ФФМ ги направи под раководство на Сејдини“

    risteBy riste08/02/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски денеска во швајцарски Нион, во седиштето на УЕФА, одржаа работен состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ.

    На покана од првиот човек на Европската фудбалска асоцијација Александар Чеферин, претседателот и генералниот секретар на ФФМ на состанокот разговараа за актуелните случувања во македонскиот фудбал, поддршката од УЕФА за важните развојни проекти на ФФМ, како и за учеството на македонската репрезентација на Европското првенство.

    „УЕФА и претседателот Александар Чеферин сметаат дека успехот и напредокот на ФФМ под водство на Муамед Сејдини е исклучително значаен. Цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал.
    Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020.
    Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание.
    Во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката. Тоа би било спротивно на статутите.
    Нашата федерација ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кој се секогаш усмерени во корист на европскиот фудбал. Благодарност до претседателот Чеферин пред сѐ затоа што го штити и развива фудбалот. На тој пат секогаш ќе ја има нашата поддршка“, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

    Двајцата претседатели разговараа за инфраструктурните проекти, како и за различни иницијативи за развој на младинскиот фудбал како заложба на ФФМ за постигнување нови големи резултати на европски план.

    „Јас сум воодушевен од големите чекори што Фудбалската федерација на Македонија ги направи во последните години под водство на Муамед Сејдини. Навистина како држава почнавте да ги бележите сите придобивки од вашите заложби во последните години – од пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европското првенство во Полска 2017 година, па до А репрезентацијата која се пласираше на завршниот трунир за прв пат во историјата“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

    Помошта од Хет Трик програмата на УЕФА и овозможи на Фудбалската федерација на Македонија да изгради бројни терени низ целата земја, а се формираше и создаде фудбалската академија која е многу значајна за развој на младинскиот фудбал и националните репрезентации. Со поддршка од УЕФА имплементирана е и програма за да им се помогне на тренерите на националните тимови на сите нивоа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.