По високиот пораз од Брегалница, следуваше тренерска смена во екипата на Македонија ЃП. Александар Таневски повеќе не е предводник на екипата од Ѓорче Петров и тимот ќе бара нов тренер за да го врати на победничкиот пат.
Таневски пристигна во клубот на местото на Жикица Тасевски и имаше добар старт. Меѓутоа, во последните неколку кола, Македонија Ѓорче Петров не успеа да победи и да фати прикучок во горниот дел на табелата.
Пред да загуби од Брегалница на вчерашниот натпревар, тимот под водство на Александар Таневски имаше порази и од Тиквеш, Работнички и Академија Пандев, а одигра нерешено со Ренова.
Последната победа на Македонија ЃП во првенството е на 28 август, што значи пред повеќе од месец и половина екипата нема победа. Македонија ЃП во моментов е на деветтото место на табелата, а во следното коло ќе играат против Струга Трим Љум.