Македонскиот фудбалски интернационалец Александар Трајковски е нов член на шпанскиот тим Мајорка. Трајковски денес потпиша четиригодишен договор со оваа екипа.
Со ова Александар Трајковски стана трет играч од Македонија кој ќе игра во „Ла Лига“ по Енис Барди и Столе Димитриевски. Поради лошата ситуација во Палермо, голгетерот беше приморан да бара нов клуб, а успеа да се договори со екипата на Мајорка.
Во италијанскиот клуб Александар Трајковски настапуваше четири сезони и притоа одигра 113 натпревари и постигна 20 гола. Кариерата на 26-годишниот Трајковски започна во Скопје, односно во екипата на Цементарница, а потоа продолжи преку Интер Запрешиќ од Хрватска, до Зулте Варегем во белгија каде играше од 2011 година. Една сезона беше позајмен ви Мехелен, пред да направи трансфер во Палермо. За репрезентацијата на Македонија, Трајковски има одиграно 39 натпревари и постигнал 12 погодоци.