Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез е целосно опоравен од неговата повреда, соопшти „Скај Спортс“.
Чилеанецот ќе може да игра во натпреварот од Купот на Англија против Арсенал кој ќе се одигра утре. Санчез се повреди во еден друг натпревар од ова натпреварување против Ридинг (2:0) на 5 јануари.
Ова впрочем ќе биде првото појавување на Алексис Санчез против неговиот поранешен клуб, кој го напушти пред една година. Во Арсенал одигра 166 натпревари и постигна 80 гола.