Алексис Санчез се враќа во дресот на Интер.
Чилеанецот се пресели во клубот со слободен трансфер, откако претходно о го напушти француски Олимпик Марсеј.
За време на престојот во Интер, пред да се пресели во Франција, Санчез одигра 109 натпревари, постигнувајќи 20 гола и 23 асистенции во две сезони во Серија А.
Во Марсеј, 34-годишниот Алексис Санчез постигна 18 гола на 44 натпревари.

