Досегашниот голман на Вардар, Игор Алексовски си пронајде нова средина. Тој од денеска е нов голман на екипата на Шкупи.
Тој денеска со чаирчани потпиша договор со важност од две години, со можност истиот да биде продолжен за уште една година. Алексовски во својата кариера ги бранеше боите за Македонија ЃП и Вардар, а беше дел и од „златната“ репрезентација до 21 година која за првпат во нашата историја учествуваше на едно Европско првенство.