Францускиот напаѓач на Ајнтрахт (Франкфурт), Себастијан Алер, кој мораше да пропушти осум мечеви во сите конкуренции, ќе му биде на располагање на тренерот, Адолф Хутер, за утрешното гостување во Англија.
24-годишниот фудбалер кој има одлична сезона за „орлите“, извесен период мораше да биде надвор од терените поради проблеми со стомачните мускули. Сега, Алер е пријавен на списокот за вториот полу-финален натпревар од Лигата на Европа на теренот на Челзи. Играчот на германскиот состав има 14 голови и 9 асистенции во 27 натпревари во Бундес-лигата додека во европските турнири постигна 5 голови и направи две асистенции во 9 натпревари.
Ајнтрахт утре во 21.00 часот ќе му гостува на Челзи во реваншот од 1 /2 финалето во Лига Европа. Првиот меч на „Комерцбанк Арена“ заврши нерешено 1:1.