Сем Алeрдајс наскоро и официјално ќе стане тренер на Лидс Ј., објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Според него, официјално е постигнат договор, а документите се направени и во блиска иднина ќе бидат потпишани. Алeрдајс ќе биде менаџер на Лидс Ј. до крајот на сезоната во обид да го обезбеди опстанокот во англиската елита.
Претходно, искусниот тренер водеше многу различни англиски тимови, меѓу кои Њукасл, Сандерленд, Евертон и Вест Бромвич.

