Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, постави рекорд за брзина на трчање на натпреварот од 32-то коло на германското првенство синоќа со Вердер.
19-годишен Канаѓанец кој подоцна поради два жолти картони беше исклучен од игра, успеа да достигне брзина од 36,51 км на час. Претходно, најбрз играч во германското првенство беше мароканскиот дефанзивец од Борусија Дортмунд Ашраф Хакими, кој има трчано со брзина од 36,49 км на час.
Во тековната сезона, 19-годишниот Алфонсо Дејвис, проценет на 45 милиони евра, одигра 37 средби за Баерн Минхен, во кои постигна 3 гола и 8 асистенции.