Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алфонсо Дејвис прогласен за фудбалер на годината во Канада
    Фудбал

    Алфонсо Дејвис прогласен за фудбалер на годината во Канада

    risteBy riste04/12/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е прогласен за најдобар фудбалер во Канада во 2020 година, соопшти прес-службата на националната федерација. Оваа награда 20-годишникот ја доби за прв пат.

    „Резултатот што Дејвис го постигна ќе инспирира нова генерација играчи“, рече канадскиот селектор Џон Хердман за наградата на Дејвис .

    Дејвис се пресели од Ванкувер во Баерн Минхен во 2019 година. Како дел од тимот од Минхен, тој стана шампион на Германија, освојувач на Купот и Суперкупот на земјата, како и освојувач на Лигата на шампионите. Оваа сезона, Канаѓанецот одигра 8 натпревари во сите натпреварувања и имаше една асистенција.

    Претходно, Дејвис беше еден од 50-те кандидати за тимот на годината на УЕФА. На почетокот на ноември, според Меѓународниот центар за спортски истражувања, Канаѓанецот стана најскапиот играч на светот до 21 година. Неговата цена беше 180,4 милиони евра. На второто место е Англичанецот Џејдон Санчо (Борусија, Дортмунд) – 125,6 милиони евра, трет е Шпанецот Ансу Фати (Барселона) – 122,7 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.