Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис сака да му се приклучи на Реал Мадрид во овој или следниот преоден рок, објави „Билд“.
Реал Мадрид наводно ќе чека до летото 2024 година, кога на играчот му останува само уште една година до истекот на договорот со Баерн. Во овој поглед, цената на дефанзивецот значително ќе падне.
Во сезоната 2022/2023 во Бундеслигата, 22-годишниот Алфонсо Дејвис учествуваше на 26 натпревари, постигна еден гол и даде четири асистенции. Пред да се пресели во Баерн во 2018 година, Дејвис играше за канадскиот Ванкувер.