Нашиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, на денешниот брифинг со новинарите, потенцираше, дека Украина има опасен напад и дека ќе треба да се извлечат поуки од старниот пораз од Австрија.
„Ништо не е готово. Се подготвуваме за Украина. Мора да веруваме дека ги имаме квалитетите за победа. Дуелот со Украина е финале за да имаме шанса за поминување на групата. Фокусот мора да ни биде само на тој натпревар.“- вели Алиоски.
„Украина игра добар фудбал и има одлични индивидуалци во офанзивата. Тие можат да бидат опасни. Мора да бидеме подготвени за нив. Ако добро се браниме, можеме да ги изненадиме“ – нагласи брзоногиот репрезентативец.