На официјалната прес-конференција во името на играчите зборуваше Езџан Алиоски кој од неодамна е член на турскиот Фенербахче. Алиоски го најави дуелот кој ја очекува утре Македонија во Тбилиси.
„Добро го знаеме стадионот во Тбилиси, но сега ни следи нов натпревар. Го знаеме квалитетот на Грузија, домашните навивачи ќе бидат тука, но тие не играат на терен. Поразот на домашен терен „боли“ и тука сме да покажеме што знаеме и што заслужуваме.
Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е сам по себе мотивација. Атмосферата е одлична, но свесни сме дека победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Растеретени сме и мислиме само на нас и нашата игра“, заклучи Алиоски.
Во Тбилиси со нетрпение се очекува оваа средба и билетите се распродадени и по два натпревари пред празни или полупразни трибини, Македонија ќе гостува пред десетици илјадници грузиски навивачи.