Фудбалската репрезентација на Макеоднија во полн состав се подготвува за средбата со Лихтенштајн, а еден од оние кои беа стрелци на гол на првите два натпревари е и Езџан Алиоски кој истакна дека мора максимално да влезат во овој натпревар и дека ништо не е готово, па мора да се добијат и овие два натпревари:
„Има уште да играме, со двете стартни победи ништо не е готово. Имаме добри играчи, се наоѓаме во добра форма и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме. Играм во добра форма, дадов два гола на првите два меча, но не ми е важно кој ќе даде гол, сакам да победиме. Секако дека сакам пак да дадам гол, но и да не дадам, ќе бидам среќен со три бода“, изјави Алиоски.
Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн ќе се игра на 13 октомври (сабота) на „Филип Втори“ Арената, а сите кои сакаат да го следат може да си купат влезници кои чинат 150 денари за Северната и 100 денари за Јужната трибина.