Македонскиот репрезентативец, Алиоски, кој има искуство од англискиот фудбал, вели дека утрешниот меч со „Гордиот Албион“ ќе има посебно значење за играчите кои се прв пат во Англија.
„Сите ќе уживаат а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит“ – вели Алиоски.
„Ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме“, изјави Алиоски.