Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓан Алиоски, пред мечот со Малта закажан за в четврток во Скопје, вели дека почетокот на квалификациите е многу значаен за нас.
„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа против Малта и старт со три бода. За нас е исклучително значајно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни доаѓаат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина.“ – потенцира Алиоски.
„Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години” – вели Алиоски.