Нашиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски. преку социјалните мрежи се збогува со Горан Пандев и Игор Ангеловски кои ја напуштија селекцијата по настапот на Европското првенство.
Пандев стави крај на кариерата во националниот тим а договорот на Ангеловски истекува на крајот на месецов.
„Горан Пандев, ти отсекогаш си бил вистинска инспирација за мене и секогаш ќе бидеш. Игор Ангеловски, во овие шест години заедно, ти направи да испишеме историја! Не може да се опише со зборови колку сум ти благодарен“ – напиша Алиоски на социјалните мрежи.

