Откако во текот на вчерашниот ден со коментар за иднината на Езџан Алиоски се огласи и тренерот на Лидс Ј., легендарниот Марсело Биелса, кој истакна дека доколку играчот одлучи да остане во клубот, од Лидс ќе му подадат рака, денеска со свој став и нашиот репрезентативец.
Во изјава за радио ББС Лидс, Алиоски вели:
„Убаво ми е тука. Да се игра за овој тим со стилот на игра кој ние го негуваме е неверојатно за мене затоа што секојдневно напредувам. Секој ден учам по нешто, а најдоброто нешто што може да го имаш во Премиер лигата е тоа што играш против тимови кои имаат играчи кои се најдобри во Европа. Може да играш против нив и да им покажеш на кое ниво си, а тоа мене ми е убаво. Многу убаво играме заедно, многу сме силни заедно како тим и за мене е чест што сум дел од такво нешто“, изјави Алиоски.

