Премиер-лигата го објави распоредот на сите 38 кола за новата фудбалска сезона која ќе започне на 12 септември. Бранителот на титулата, Ливерпул во првото коло на домашен терен на „Енфилд“ ќе се сретне со Лидс за кој настапува нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Мечевите Барнли – Јунајтед и Сити – Астон Вила ќе бидат одложени бидејќи двата тима од Манчестер имаа продолжено фудбалско лето во европските натпреварувања и треба да добијат дополнителни денови за одмор.
Во стартното коло ќе се играат средбите: Фулам – Арсенал, Тотенхем – Евертон, ВБА – Лестер, Вест Хем – Њукасл, Кристал Палас – Саутемптон, Брајтон – Челзи и Шефилд – Вулверхемптон.