Езгјан Алиоски кој со голот во 7 минута ја најави победата против Исланд и пласманот во баражот за Светскоот првенство, вели дека треба да се оди чекор по чекор без еуфорија.
„Во македонска фудбалска репрезентација многу промени генерално, од стручен штаб, претседател, надвор од тимот и други што работат и тоа се гледа. Не е само ние да играме надвор и тоа да биде успех. Силата е во заедништвото“ – потенцираше Алиоски.
„ Тоа е нешто што недостасуваше пред 6-7 години. Далеку е Катар, затоа што во баражот ќе ни биде тешко. Треба да веруваме во нашиот тим, во нашиот квалитет. Сега ни треба поддршка “ – вели Алиоски.