Ливерпул интензивно работи со продолжување на сорабоката со клучните играчи од стартниот состав и објави уште еден потпис за тимот од „Енфилд“.
Голманот Алисон Бекер се согласи на нова соработка со клубот од „Енфилд“ и прифати нов долгорочен договор. Бразилецот ќе остане на голот на Ливерпул најмалку до 2027 година.
Алисон, кој има преку 100 настапи во дресот на Ливерпул, пристигна на „Енфилд“ во 2018 година од редовите на италијанска Рома, а професионалната фудбалска кариера ја започна во бразилски Интернационал. Алисон Бекер е стандарден и на голот на Бразил од 2015 година, за кого има 47 настапи.