Ливерпул денеска го игра полуфиналниот меч од ФА Купот против Манчестер Сити и се надева на пласман во големото финале. Голманот на црвените“ Алисон Бекер потенцира дека Ливерпул оваа година ќе се бори за сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува.
„Некогаш бевме тука и игравме во финалето на Вембли, набојот за вакви натпревари ни е добро познат. Тоа се чувствува. И јас играв со мојата репрезентација на овој стадион, но само на пријателски натпревари. Разговарав со другите. Знам дека сега ќе биде поинаку“, изјави Алисон пред дуелот со големиот ривал.
„Финалето или полуфиналето на Вембли е големо достигнување за секој фудбалер и нешто што секогаш ќе го паметите. Сепак, не се задоволуваме само со тоа и го сакаме трофејот. Ќе се бориме за него до крај“, рече Алисон.