Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер уште еднаш ја допре темата за напорниот календар за време на фудбалската сезона во Европа.
Бразилскиот голман на голот на „црвените“ проговори пред стартот на тимот во новото издание на Лигата на шампионите, кое за првпат ќе се одржи во нов формат, во кој секоја екипа ќе има најмалку по осум натпревари.
„За нас играчите е добро што ќе играме против најдобрите во Европа. Секогаш е добра идеја да додадете повеќе натпревари во помалку зафатен календар. Јас сум малку ироничен овде! Никој не ги прашува играчите кога се додаваат уште натпревари“, коментираше Алосон.
„Во тој поглед, мислам дека моето мислење не е важно. Секој знае што мислиме. Сите се уморни од ова прашање сега. Сите треба да седнеме на иста маса и да разговараме. Се работи за медиумите, телевизијата, УЕФА, ФИФА, Премиер лигата и сите локални првенства“, изјави Алисон Бекер.

