Алкалоид потпиша соработка со Македонската таеквондо федерација која во изминатиот период бележи големи успеси
„ Среќен сум кога ќе видам посветени луѓе кои ја претставуваат Македонија како амбасадори на високо ниво. Ние помогнавме да се реализира ваучерот за време на Ковид. Навистина е голема радост тоа што го направи Дејан на Олимпијадата“ – изјави генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов. Борче Костовски, претседател на таеквондо федерацијата упати благодарност со Мукаетов и го посочи како човек кој со широко срце му помага на македонскиот спорт.
„Мило ми е што сме тука да потврдиме дека македонското таекводно е сериозна приказна која се бори за високи цели – највисоките одличја – олимписки медали. Му благодарам на Алкалоид за поддршката“ – изјави Дејан Георгиевски.