Ракометарите на Алкалоид го претрпеа вториот пораз во Европската лига на ЕХФ. Тие денеска загубија на домашен терен од Силкеборг со 31-23.
Данскиот тим во СЦ „Јане Сандански“ максимално ја оправда улогата на голем фаворит. Скандинавците по слабиот почеток влегоа во серија и набилдаа предност од 14:8 со што практично ја најавија победата.
Во нашиот тим, Џонов постигна седум голови а Серафимов дојде до пет. Голманот, Трајковски имаше 11 одбрани. Денешните противници ќе се сретнат и во наредното коло и тоа на теренот на Силкеборг.