Каталонскиот весник –„Спорт“ објави дека Ливерпул и Баерн Минхен најверојатно ќе најдат заеднички јазик за трансфер на Тијаго Алкантара во редовите на англискиот шампион.
Според наведеното, „црвените“ и фудбалерот ги договориле сите детали што значи дека се чека само сумата за обештетувањето што ќе ја побара германскиот состав.
Алкантара имаше понуда да го продолжи договорот кој му е валиден до наредниот јуни, но, Бразилецот со шпански пасош реши по седум сезони да си замине од „Алијанц Арена“.
