Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алкантара поради повреда ќе пропушти два натпревари за Ливерпул
    Фудбал

    Алкантара поради повреда ќе пропушти два натпревари за Ливерпул

    risteBy riste20/09/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанскиот играч за врска на Ливерпул, Тиаго Алкантара ќе го пропушти натпреварот против Норич во третото коло од Лига купот на Англија, како и натпреварот од англиската Премиер лига против Брентфорд поради повреда на потколеницата, објави официјалната веб-страница на клубот.

    Асистентот на Јирген Клоп, Линдерс, ја коментираше ситуацијата со повредата на играчот од средниот ред.

    „Како што рече тренерот претходно, Тиаго се здоби со повреда на потколеницата. Не можам сега да кажам колку време ќе биде потребно за да закрепне, но дефинитивно нема да игра утре и за време на викендот. Ќе можеме да поставиме точна дијагноза само откако ќе ги добиеме резултатите од испитувањето. Штета, бидејќи тој ја презеде играта, тој беше вистински плејмејкер, според мое мислење. Лошо е што нема да ни помогне во следните натпревари“, изјави Линдерс.

    Да потсетиме, Алкантара се здоби со повреда на натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига против Кристал Палас. Играчот беше заменет во 62. минута од средбата. Во тековната лига сезона во Англија, Тиаго Алкантара одигра четири натпревари и има една асистенција. Покрај шпанскиот играч за врска, повредени кај Ливерпул се и Трент Александар-Арнолд и Роберто Фирмино.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Состојбата на Рико и натаму е сериозна

    07/06/2023

    Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез

    07/06/2023

    И Обемејанг се сели во Саудиска Арабија?

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Состојбата на Рико и натаму е сериозна
    • 30 години од смртта на кошаркарскиот Моцарт
    • Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез
    • И Обемејанг се сели во Саудиска Арабија?
    • ОФИЦИЈАЛНО: Бензема е нов фудбалер на Ал Итихад
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.