Челниците на фудбалскиот состав Баерн (Минхен) ќе му дозволат на Тијаго Алкантара да направи трансфер во Ливерпул иако неговиот договор истекува во 2021 година, објавија денеска медиумите во Англија.
Двата клуба се договориле за трансфер на 29-годишниот интернационалец од Шпанија. Фудбалерот од средниот ред по цели седум години поминати во дресот на бундес-лигашот и освоени исто толку пехари, се одлучи да ја промени средината.
Тијаго во последната сезона во која го носеше дресот на Баварците се појави на 36 средби во сите конкуреции и направи ефект од 3 гола и 2 асистенции.