Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, го победи Данил Медведев во финалето на Индијан Велс и со тоа го одбрани трофејот во Калифорнија.
За време на тај-брејкот од првиот сет, Русинот ги загуби нервите и влезе во конфликт со судијата, Мохамед Лајани. Toa подоцна се одрази на неговата игра што пак, максимално го искористи противникот. Алкараз по триумфот не криеше дека е задоволен.
Шпанскиот тенисер ја освои 13-та титула во кариерата и петтиот Мастерс. Toj e првиот тенисер што ја одбрани титулата во Индијан Велс по Србинот, Новак Ѓоковиќ во 2016 година.