Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, откако ја надмина повредата на тетивата вели дека е среќен што ќе настапи на турнирот во Рим.
„Тренинзите беа одлични. Во добра форма сум, 100 проценти сум подготвен да го започнам турнирот. Не можев да играм во Мадрид. Тоа беше посебен турнир за мене… Направив мала пауза за да се обидам да се опоравам од повредата“ – рече Алкараз и се насочи кон враќањето на Јаник Синер кој одлежа суспензија.
„ Очигледно беше тешко за него. Мислам дека нема подобро место за него да се врати отколку тука во неговиот дом во Рим“ – беа зборовите на Алкараз.

