Шпанецот Карлос Алкараз кој синоќа го совлада Гаел Монфис во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс (7:5, 6:1), стана најмладиот тенисер во последните 33 години кој стигнал меѓу најдобрите осум на овој престижен турнир. 18-годишниот Шпанец победи на девет од последните 10 натпревари.
Оваа победа над Монфилс за Алкараз беше деветта победа во низа, која за првпат во неговата кариера го однесе до четвртфинале на престижниот Мастерс.
Најмладиот тенисер кој стигнал до четвртфинале во Индијан Велс е 17-годишниот Мајкл Ченг во 1989 година.