Тенисерот, Карлос Алкараз, кој го победи Данил Медведев во текот на ноќта во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, од денеска е нов лидер на АТП-листата.
Тој го потисна на второто место Србинот, Новак Ѓоковиќ, кој не доби дозвола од властите во САД да се појави на силниот турнир.
Шпанецот успеа да го добие мечот со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 и да го запре одличниот ритам на Русинот кој имаше 20-ет победи по ред. Алкараз сега го чека настап на турнирот во Мајами.