Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вчера направи голем успех совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. По мечот на социјалните мрежи Шпанецот ја коментираше неговата победа.
„Ми се исполни животниот сон! Секогаш треба да верувате! Имам само 20 години, се се случува пребрзо, но многу сум горд на начинот на кој работиме секој ден. Ви благодарам на сите за поддршката, од се срце“, напиша Алкараз.
20-годишниот Алкараз стана првиот шампион на Вимблдон кој не е од големата четворка во последните 20 години. Тој е исто така најмладиот играч во Опен ерата кој ги освоил УС Опен и Вимблдон.

