Четирикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Карлос Алкараз, изјави дека е горд откако го победи светскиот рекет број еден, Јаник Синер, со што за прв пат го освои тенискиот Мастерс во италијанската престолнина – Рим.
„Горд сум на себе, на начинот на кој ментално пристапив кон натпреварот. Тактички, мислам дека играв доста добро од првиот до последниот поен“ – рече Алкараз.
„Многу сум среќен што ја освоив мојата прва титула во Рим, се надевам дека не е последна“ – додаде Шпанецот.

