Карлос Алкараз, доцна вечер во 02.30 часот ќе излезе на мегдан со германецот, Александар Зверев во четвртфиналето на отвореното првенство на САД. Младиот тенисер од Пиринеите вели дека е подготвен за големи резултати.
„Сигурно имам искуство на Грен слемовите. Имам само 20 години но, се чувствувам искусно . Играм посмирено затоа што знам дека тие што сакаат да ме победат ќе мора долго да трчаат и да покажат многу, многу високо ниво“ – вели Алкараз.
„Физички сум добро, психички сум добро и играм добар тенис. Затоа во такви ситуации се чувствувам помирно“ – потенцира Шпанецот.

