Вториот тениски рекет во светот Карлос Алкараз се врати на тренинзи по повредата на мускулите на раката и грбот.
Младиот Шпанец во петокот без проблеми тренираше со максимален интензитет во комплексот на тенискиот клуб Реал Мурсија. Неодамнешниот светски рекет број еден ќе се врати на терените на турнирот од АТП серијата 500 во Барселона на 17 април. Таму Алкараз ќе ја брани титулата.
Алкараз во последно време се мачи со повреди. Тој го пропушти Австралија опен, а потоа имаше многу добра американска турнеја, освојувајќи го Мастерсот во Индијан Велс, додека стигна до полуфиналето на Мастерсот во Мајами.