Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, кој ќе ја брани титулата на третиот годинашен Грен Слем на терените на – „Вимблдон“ вели дека е максимално подготвен за големиот предизвик.
„Дојдов да постигнам резултат како во изминатата година. Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон како бранител на титулата“ – вели третиот играч на АТП листата.
„Морам да бидам фокусиран. Се чувствувам како да немам повреда на раката, играм и тренирам нормално“ – потенцираше младиот тенисер пред собирот во Лондон.