Напаѓачот на Борусија Дортмунд Пако Алкасер најверојатно ќе ја продолжи кариерата во првенството на Шпанија, пренесува весникот „АС“.
Според изворот, германскиот клуб и Виљареал се договориле за сумата на трансфер на играчот која изнесува 23 милиони евра. Се очекува трансферот да биде објавен во текот на денешниот ден. Претходно, имаше информации дека 26-годишниот Шпанец е интересиран за Тотенхем и Валенсија.
Алкасер беше дел од Валенсија, каде играше од 2010 до 2016 година, по што се пресели во Барселона. Од 2018 година, ги бранеше боите на Борусија Дортмунд. Оваа сезона Алкасер учествуваше на 11 натпревари во германскиот шампионат. Напаѓачот има 5 постигнати гола и една асистенција. Договорот на фудбалерот со Борусија важи до летото 2023 година.