Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    Фудбал

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    risteBy riste29/09/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Алмерија постигна договор предвреме да го раскине договорот со тренерот Висенте Морено.

    „Висенте Морено повеќе не е тренер на Алмерија, клубот во кој се приклучи минатото лето. Слабите резултати на екипата која има само два бода и е на дното од табелата, без ниту една победа од седум натпревари. Пред се, последниот настап на тимот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ ја мотивираше одлуката на клубот. Утринава, Висенте Морено ги потпиша сите потребни документи за раскинување на договорот.
    Алмерија сака јавно да му се заблагодари на тренерот за професионалноста и посветеноста што Висенте Морено и членовите на неговиот стручен штаб постојано ја покажуваат за време на нивниот престој во клубот“
    , соопшти прес-службата на Алмерија.

    Вториот тренер на тимот Алберто Ласарте привремено го презема раководството на тимот и ќе ги предводи играчите за време на натпреварот со Гранада (8. коло во Ла Лига, 1 октомври).

    По седум кола, Алмерија е на последното, 20. место на табелата во шпанскиот шампионат, со само два бода. Во последното коло тимот беше поразен на теренот на Севиља со резултат 1:5.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони

    04/12/2023

    Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“

    04/12/2023

    Оли Воткинс стана третиот играч покрај Халанд и Салах кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во 2023 година

    04/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони
    • Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“
    • Оли Воткинс стана третиот играч покрај Халанд и Салах кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во 2023 година
    • Само Ливерпул и Тотенхем заминаа непоразени од „Етихад“ во 2023 година
    • Фернандез постигна гол за Челзи по 43 упатени удари кон противничките голови
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.