Англискиот елитен фудбалски клуб Њукасл е подготвен да го ангажира Мигел Алмирон од тимот на Атланта Јунајтед кој настапува во американската Мејџор Сокер Лига, објавија британските медиуми.
Доколку тоа се случи, фудбалерот од Парагвај може да го собори рекордот за најскап трансфер во историјата на тимот. Според Скај Спортс, Њукасл ќе плати 20 милиони фунти за Алмирон, со што ќе биде надминат рекордот од 16 милиони кои во 2005-та година му беа платени на Реал Мадрид за ангажманот на Мајкл Овен.
Алмирон кој има 23-години и дејствува во навалниот ред, има одиграно 12 натпревари за неговата татковина. Тој за две сезони поминати во дресот на Атланта Јунајтед одигра 65 натпревари на кои постигна 21 гол.

