Довчерашниот стандарден првотимец на Работнички, Дин Аломеровиќ од денеска и официјално е нов играч на романскиот тим Ута Арад.
Како што претходно беше најавено, искусниот лев бек заминува во Романија, по нова интернационална авантура.
Тој веќе има искуство со настапи во Шпанија каде што промени неколку клубови.
Во Македонија играше за екипите на Македонија ЃП, Вардар, Еуромилк и Работнички.

