Германскиот првак Баер Леверкузен ќе изврши што е можно поголем притисок врз лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, додека тие се борат да ги одржат надежите за титулата, изјави тренерот Чаби Алонсо пред натпреварот на домашен терен во петок против Бохум кој се бори за испаѓање.
На осум натпревари до крајот на шампионатот, тимот на Алонсо, кој минатата сезона ја освои двојната круна е втор во Бундеслигата со 56 бодови, шест помалку од лидерот Баерн Минхен.
„Да се биде во борбата за титулата е многу важно за нас“, рече Алонсо на прес-конференција денес.
„Јасно е што треба да направиме, а тоа е да се бориме до крај, а првата шанса да ја намалиме предноста на Баерн на три бода е утре“, рече тој.
Баерн во сабота игра против Сент Паули на гости.
„Сакаме да извршиме што е можно поголем притисок врз нив. Ако победиме и ги освоиме трите бода, тогаш тоа е подобра ситуација за нас. Тоа е желбата и идејата што треба да ја имаме за да влеземе во натпреварот утре“, рече Алонсо.
Во вторник, Леверкузен се соочува со третолигашот Арминија Билефелд во полуфиналето на Купот на Германија.
„Речиси е април и реков дека ако сме во борба за трофеи во април, тогаш е време да се бориме за оваа шанса. Нема да биде лесно, но желбата е тука“, додаде Чаби Алонсо.

